Одржана работилница за анализа на ризик во транзитна постапка

Царинската управа на Република Македонија, преку инструментот за претпристапна помош TAIEX, на 7 и 8 јуни 2016 година во Скопје организираше Работилница за царински постапки за анализа на ризик во транзитна постапка.

Работилницата на која посебен акцент беше ставен на анализа и проценка на ризик во транзитната постапка, овозможи и размена на информации во врска со предизвиците, можностите и примена на соодветни техники поврзани со таргетирање и селекција на пратки во заедничка транзитна постапка.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во реализацијата на работилницата се вклучени експерти од царинските служби на Македонија, Романија, Словенија, Австрија, Унгарија и Полска, а учествуваа претставници од царинските служби на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија, Турција и Македонија.

Оваа работилница претставува дополнување на активностите на Царинската управа на Република Македонија со цел за размена на искуства и подобрување на соработката меѓу земјите од регионот и земјите од Европската унија.

rabotilnica rab