Напредокот на технологијата сè повеќе ги имплицира своите негативни ефекти врз деловниот и приватниот живот. Светот во последно време е сведок на експлоатацијата на ваквата технологија од страна на професионалните криминални делувачи кои што компјутерскиот криминалот го издигнаа на ново ниво. Токму поради сè поголемите закани, Европска унија и Советот на Европа создадоа цврста и стабилна соработка со цел да се применат потребните регулативни мерки и процедури која е насочена кон таргетирање на криминалните приноси од интернет во Југоисточна Европа и Турција (iPROCEEDS).
Утрово во Охрид, Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Митко Чавков, Александар Сегер, проект менаџерот на програмата за компјутерски криминал во рамки на канцеларијата на Советот на Европа – Мариана Чицу и Даница Стошевска од Делегацијата на ЕУ ја отворија iPROCEEDS конференцијата.
На оваа голема конференција на која освен нашата држава учествуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Турција и Косово, членовите на националните тимови на проектот, партнерите на проектот, претставниците на меѓународни организации и многу други технолошки и економски експерти, се присутни и околу 80 кривични судски претставници, експерти за компјутерски криминал и претставници од финансиските институции и даватели на услуги.
Денес и утре во Охрид се дискутира за конкретните чекори кои што треба да се преземат за посилна јавна/приватна и меѓународна соработка за подобрување на финансиските истраги и конфискација на приносите од криминалот што се извршува онлајн.
Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите на властите во регионот на проектот за пребарување, запленување и конфискација на приносите од компјутерскиот криминал и спречување на перење пари на интернет.
Во светот, поголемиот компјутерски криминал што е пријавен и истражен од страна на криминални власти правда е поврзан со различни видови на измама и други кривични дела со цел добивање на нелегални економски бенефиции. Генерирањето и перењето на огромни количини на приноси најчесто се врши преку интернет и преку употреба на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ). ИКТ се експлоатираат за широк спектар на сериозни и организирани криминални активности со динамична врска меѓу online и offline организираниот криминал. Во исто време, приносите од криминалот онлајн ретко се заплеуваат и конфискуваат. Ова е исто така и за земјите од Западен Балкан и Турција.
Реализацијата на конференцијата која ќе трае во понеделник и вторник е концепирана кон следниве теми: учествување на носителите на одлуки и проектните тимови во активностите на iPROCEEDS проектот, претставување на нацрт-извештај за состојбата на мерки против компјутерскиот криминал и откривање, заплена и конфискација на приноси од компјутерскиот криминал, како и мерки за спречување на перење пари преку интернет во областите/земјите каде што се имплементира проектот, постигнување на договор за работен план на проектот, иницирање на специфични проектни активности. Исто така, конференцијата ќе се состои од: сесија за претставници на националните капацитети и потреби поврзани со компјутерскиот криминал, таргетирање на криминалните приноси и спречување на перење пари на интернет, регионална работилница на приватното/јавното споделување на информации помеѓу институциите од финансискиот сектор, единиците за компјутерски криминал и другите засегнати страни, регионална работилница за меѓународна соработка.