Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун денеска во Атина разговараше со грчкиот државен за бегалската криза, спорот за името и кипарското прашање.
Бан Ки-мун утрово се сретна со премиерот Алексис Ципрас, со кого се фокусираа на бегалската криза, додека пак на пладневната средба со шефот на дипломатијата Никос Коѕиас, генералниот секретар дискутираше за македонско-грчкиот спор.
Никос Коѕиас пред Бан Ки-Мун ги образложил грчките ставови околу прашањето за името и ги слушнал ставовите и идеите на генералниот секретар околу македонско-грчкиот спор.
Генералниот секретар сепак оваа втора посета на Грција, по посетата во 2009 главно ја посветува на клучниот глобален проблем, бегалската криза. На средбата со Ципрас се разговарало за предизвиците од справувањето со бегалската криза, начините како Грција се справува и одговара на бегалските проблеми. И Ципрас и Бан Ки-мун апелираа дека е потребна поголема солидарност и почитување на човековите права за поуспешно справување со овој глобален проблем.
„Се уште сум длабоко потресен поради големиот број загинати во Средоземното море. Мора да работиме заеднички да ги заштитиме луѓето и да се соочиме со основните причини за нивното раселување. Јас продолжувам да барам поголема поделба на одговорноста за ова во цела Европа и во светот“ – истакна Бан Ки-мун по средбата со Ципрас.
Тој изрази и благодарност до Грција што и покрај финансиските проблеми им помага на илјадниците луѓе кои бегаат од војна и политички прогон. Испрати апел до меѓународната заедница да не ја остава Грција сама да се справува со овој предизвик и да понуди поголема поддршка до грчките власти и институции.
Ципрас, пак, потенцираше и самиот дека Грција успеала паралелно со финансиската криза да се справи успешно и со бегалската и да понуди помош и сместување за над еден милион бегалци кои во 2015 поминале низ државата. Тој изрази задоволство од успешното спроведување на договорот ЕУ-Турција. Грчкиот премиер сепак упати критика и до европските и до балканските држави поради едностраното затворање на границата без консултација со Грција.
„Денес Грција го носи товарот и сместува над 55 илјади бегалци кои се заглавени во државава по едностраната активност на нашата северна граница и затворањето на границата. Се согласивме дека ниту оваа криза, ниту финансиската може да се реши со национализам, со префрлање на товарот на послабите држави и народи. Политиките на ксенофобија, огради и ѕидови, еднострани активности, политиката на враќање на бегалците во море се спротивни на нашите основни принципи. Ја поткопуваат иднината на Европа и ја продлабочуваат кризата“, – потенцираше Ципрас.
Грчкиот премиер му понуди симболичен подарок на Бан Ки-мун, портокалов елек за спасување, парче кое спаси илјадници бегалци на патот кон Грција, изразувајќи надеж дека ќе продолжи да се спроведува договорот меѓу ЕУ и Турција, како и дека ќе се стави крај на мрежите за нелегален шверц на бегалци и побрзо ќе се спроведе одлуката за легална миграција на бегалците во ЕУ.
По средбите во Атина, генералниот секретар замина за Лезбос за лично да ги испита условите за живот во бегалските центриетите нации, Бан Ки-мун денеска во Атина разговараше со грчкиот државен за бегалската криза, спорот за името и кипарското прашање.

По средбите во Атина, генералниот секретар замина за Лезбос за лично да ги испита условите за живот во бегалските центри.

„Денес Грција го носи товарот и сместува над 55 илјади бегалци кои се заглавени во државава по едностраната активност на нашата северна граница и затворањето на границата. Се согласивме дека ниту оваа криза, ниту финансиската може да се реши со национализам, со префрлање на товарот на послабите држави и народи. Политиките на ксенофобија, огради и ѕидови, еднострани активности, политиката на враќање на бегалците во море се спротивни на нашите основни принципи. Ја поткопуваат иднината на Европа и ја продлабочуваат кризата,“ – потенцираше Ципрас.

Извор: meta.mk