ПС Струга поднесе кривична пријава против И.Г.(31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот во текот на јуни месец 2016 година, на катастарска парцела во Калишта – Струга на м.в. Еленско во сопственост на Р. Македонија, без одобрение за градба изградил објект од челична конструкција. Од страна на градежен инспектор на oпштина Струга составен е записник и донесено е решение со кое се наредува отстранување на градбата која се гради без одобрение.