Акредитиран комуникациско – информатички систем на Царинската управа на РМ

По успешното завршување на процесот за безбедносна акредитација на комуникациско – информатичкиот систем на Царинската управа за класифицирани информации, денес 24 јуни 2016 на Царинската управа на РМ и беше доделен Сертификат за безбедност од страна на претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Со ова Царинската управа се здоби со единствен акредитиран комуникациско -информатички систем кој се користи за создавање и обработка на класифицирани информации.

Sertifikat