Британија ја напушта Европската Унија

По вчерашниот референдум, 51,9% од гласачите во Британија се изјаснија за напуштање на ЕУ, додека пак 48,1% гласаа за Британија да остане во ЕУ.

Одѕивот е 72%. За излегување од ЕУ најмногу гласале Англичаните, додека пак Шкотска и Северна Ирска гласале за останување во ЕУ. Гибралтар гласаше за останување во ЕУ со дури 96%, стравувајќи да не се заострат добрите односи со Шпанија.

Денес, како резултат на гласањето, фунтата бележи рекорден пад од 1985 година наваму, моментално изнесува $1.36 за разлика од вчера кога изнесуваше $1.47.

Според експертите, ова напуштање ќе претставува дополнителен проблем за Европската Унија и ќе повлече многу други потези. Во Холандија веќе се зборува за одржување на ваков референдум за напуштање на Европската Унија.

WebOhrid