Утре во Охрид ќе се одржи настан на тема „Безбедноста на производите и електронско тргување“, во организација на потрошувачите на Охрид.
Согласно предвидените активности по Програмата за заштита на потрошувачите на Владата на РМ за 2016 година, настанот ќе биде посветен на информирањето на потрошувачите за „можностите за електронско тргување и заштита на нивните права“.
Предвидено е на настанот да учествуваат претставници од: Државен пазарен инспекторат, Министерство за внатрешни работи – Охрид, Агенција за храна и ветеринарство, Стопански комори, Трговски друштва и Здруженија на граѓани.
Говорниците ќе ги разменат своите искуства, а истовремено ќе имаат можност да се обратат кон потрошувачите и пошироката јавност.