Собранието денеска ги усвои новите измени на Законот за основно и за средно образование, со кои се предвидува екстерното тестирање да почне да се спроведува од шесто одделение, а не како досега од четврто одделение.
Со измените е предвидено оценките од екстерното тестирање да не се запишуваат во свидетелството, туку на посебен документ кој ќе биде додаток на свидетелството. Во законот, исто така, се предвидува Државниот испитен центар, покрај прашањата, да објави и пробни тестови, со кои учениците од шесто одделение до четврта година ќе можат да вежбаат.
Пратениците изгласаа набљудувачите на екстерното тестирање да се избираат на јавен конкурс и за нивната услуга да добијат паричен надоместок утврден од Државниот испитен центар.
Од владејачката партија велат дека измените се исти со барањата што ги имаат учениците и студентите и оти со нив ќе подобри квалитетот во основното и во средното образование.
Извор: meta.mk