Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.
Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на бул. „Туристичка“. Акцијата ќе се реализира на 13 и 14 јули (среда и четврток) 2016г. Граѓаните од гореспоменатата улица кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП Комуналец на 13 и 14 јули (среда и четврток) 2016г. од 9 до 13 часот. Со себе треба да понесат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.