Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва, со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажан краткиот филм „Мојот Клас“ од Пјер Лави и „Кармелим3 – Вкусот на Израел Хаифа од Израел.
„Во јули 2015 им се придружив на Хабима и Камери театрите и нивото патување низ Балканот. Посетивме четири држави- Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Целта на патувањето беше да се постави претставата „Нашиот Клас“ која ја опфаќа темата за Холокаустот, драма првично напишана на полски, а потоа преведена на еврејски. Од многу гледни точки, патувањето на „Нашиот клас“ беше мое лично внатрешно патување до Мојот Клас.“- вели Пјер Лави.
Кармелим е основана пред 30 години, и оттогаш до денес е активна. Се состои од 25 до 30 млади луѓе, на возраст од 15 до 18 години, од кои повеќето се студенти во Лео Баек (Leo Baeck), средно училиште во Хаифа, како и други училишта во градот. Уште од самото основање, групата имаше цел да ja поврзе јавноста со животот во Израел, како и поблиску да се претстави историјата и тековните достигнувања преку уметничка слика.
Преку бројните патувањата во странство, во Јужна Африка, Чешка, Унгарија, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Канада и САД, групата го претставува градот Хаифа и државата Израел. На овие патувања Кармелим оставиле силен и траен впечаток во информирањето на јавноста за израелската култура и нивните аспирации и надежи за подобар и мирен живот.
Групата презела главна улога во повеќе едукативни кампањи и справување со повеќе национални прашања, како што се злоупотребата на дрогата, насилството меѓу младите и така натаму. Групата неодамна зеде учество во заедничка продукција со учениците од средното училиште од арапскиот село Еин Maхeл, во близина на Назарет, во оригинален мјузикл насловен „Чекор по чекор“ кој ги претставува видливите разлики и современите сличности меѓу еврејската и муслиманската младина во Израел, како и нивната заедничка аспирација за меѓусебно почитување, соживот и мир.
Од своето основање, групата постојано работи на нови проекти, продолжувајќи со настапите низ светот. Како и секогаш со Кармелим, секоја нова продукција е обоено прославување со песна, танц и младешка енергија на сцената.