Градоначалникот Никола Бакрачески и израелскиот амбасадор Дан Ориан, синоќа присуствуваа на претставата „Мојот клас“ – мултимедијален перфоманс на израелскиот ансамбл Кармелим. Низ музиката и танцот на младата актерска екипа, беше претставен начинот на живот на младите израелци и нивниот стремеж за соживот, толеранција и мир. Кармелим е основана пред 30 години, и оттогаш до денес е активна. Се состои од 25 до 30 млади луѓе, на возраст од 15 до 18 години, од кои повеќето се студенти во Лео Баек (Leo Baeck), средно училиште во Хаифа, како и други училишта во градот. Уште од самото основање, групата имаше цел да ja поврзе јавноста со животот во Израел, како и поблиску да се претстави историјата и тековните достигнувања преку уметничка слика.
По завршувањето на претставата, Бакрачески во Куќата на Уранија ја отвори изложбата, „Филигранска приказна“ на Мирјана Николовска.
„Уникатните дела на Николовска,покрај својата уметничка вредност во кои се препознаваа македонското културно поднебје и културно наследство, значајни се бидејќи ги красат кабинетите на градоначалниците на Њујорк, Ерусалим, Дубровник, Фиренца и многу други градови, што претставуваа најубава промоција на Охрид“ – истакна во своето обраќање Бакрачески.
Сите филигрански дела се изработени од компресирана хартија со срмен конец во златна и сребрена варијанта, украсени со циркони и оригинални охридски бисери.