Се известуваат сите такси превозници од Општина Охрид и фирмите кои се занимаваат со такси превоз дека скоро секоја година зачестена е појавата во текот на туристичката сезона, такси превозниците кои го вршат превозот спротивно на законските одредби односно не сакаат да ги возат патниците во насока према Стар Град и други пократки дестинации со напомена дека се зафатени. Ваквата појава е спротивна на Законот за превоз во патниот сообраќај и Општинскиот инспекторат против сите прекршители ќе презема соодветни санкции пропишани за Закон како и одземање на лиценцата за работа.
Воедно се известуваат сите такси возачи дека согласно законските одредби во возилото додека го вршат такси превозот потребно е да имаат сертификат за такси возач и истакнат ценовник одобрен од надлежен орган. Против сите оние такси возачи кои немаат сертификат за такси возач ќе се преземаат законски занкции а согласно Законот за превоз во патниот сообраќај казната е пропишана во износ од 5.000,оо ЕУ во денарска противредност.