Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,20%, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 11.07.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 11.07.2016 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит, додека малопродажната
цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,150 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.07.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 22,763 ден/кг.