Во рамки на програмата на фестивалот „Охридко лето“, вечерва во црквата Св.Софија, со почеток во 21:00 часот ќе настапат харфистката Мојца Злобко Вајгл од Словенија и италијанскиот флејтист Масимо Мерчели.
На програмата ќе бидат изведени дела од Г. Доницети, Ј. С. Бах, Џ. Росини, К. Дебиси, В. А. Моцарт, М. Ниман, П. Рамовш, Ф. Годефројд, М. Мариа Понце, Ж. Масне, Ф. Шопен.
Харфистката Мојца Злобко Вајгл е еден од водечките музичари во Словенија, со богата интернационална кариера како солист и камерен изведувач. Како солист досега има настапувано со голем број значајни диригенти и оркестри, додека како камерен изведувач често е дел од ансамбли во кои членуваат реномирани музички уметници.
Истакнатиот италијански флејтист Масимо Мерчели изградил впечатлива уметничка кариера во која се забележуваат успесите на меѓународните натпревари и бројните концерти во најпознатите светски сали. Постојано соработува со врвните уметници на денешницата и со прочуените светски оркестри, а има остварено и премиерни изведби на неколку дела.