Екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” беа вонредно ангажирани за подигање на дива депонија создадена од несовесни граѓани во дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски” во населбата „Далјан”.
„Беа подигнати големи количини на кабаст отпад, пластичен отпад и депонирани електрични апарати.“– информираат од претпријатието.
ЈП „Охридски Комуналец” повторно со апел до граѓаните да не создаваат депонии, туку да го депонираат отпадот на локациите одредени за тоа, а доколку имаат кабаст отпад да се информираат за деновите кога екипите на претпријатието поминуваат за собирање на истиот.