Во организација на Пчеларското здружение „Охрид” од Охрид, а поддржано од градоначалникот, од 5 до 8 август на плоштадот „Крушевска Република” – кај Чинарот, ќе се одржи манифестацијата „Денови на Медот”.
Посетителите ќе имаат уникатна можност повеќе да се запознаат со медот и неговите производи, а ќе имаат и можност да вкусат дел од разноврсните производи.
Отворањето е на 5ти август (петок) со почеток од 17 часот. Промоцијата и дегустацијата на производите продолжува и на 6ти, 7ми и 8ми август.