Со цел да се обезбеди непречена работа на механизацијата за санирање на штетите како и непречен дотур на храна, вода и лекови на жителите во населените места зафатени од поплавата во скопскиот регион (с.Црешево, с.Стајковци, Сингелиќ, Економија, с.Арачиново и другите околни населени места) воспоставен е посебен режим на сообраќај со кој се предвидува граѓаните од с.Арачиново кои се упатуваат кон Градот Скопје да не поминуваат низ Сингелиќ туку да ја користат скопската обиколница, а и граѓаните од с.Црешево и с.Стајковци кои се упатуваат кон Скопје исто така да ја користат скопската обиколница.
Поради тоа апелираме до граѓаните на с.Арачиново, с.Стајковци и с.Црешево да ја почитуваат сообраќајната сигнализација како и наредбите од полициските службеници кои ќе траат до надминување на кризната состојба.