На 10.08.2016 год. во 10,15 час. М.Г од Прилеп, пријавил дека на 09.08.2016 год. околу 12.00 часот на ул. „Томас Минцер” бил физички нападнат од страна на лицето Х.С при тоа истиот најпрвин го влечел за маицата, а потоа го удрил со тупаница во пределот на лицето од левата страна, но од физичкиот напад не се здобил со видливи повреди.
До физичкиот напад дошло поради недоразбирање и вербална расправија околу давањето помош на локалното население зафатено од поплавите.
На лицето Х.С издаден му е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ