Вечерва престанува да важи забраната за движење низ шумите

Вечерва на полноќ ќе престане да важи забраната за движење низ шумите и шумските појаси, која беше воведена како превентивна мерка за заштита од пожари.

Од ЈП „Македонски шуми“ информираат дека засега нема потреба од продолжување на забраната, но посочуваат дека доколку се процени поинаку ќе биде променета одлуката.

Вечерва исто така завршува и забраната за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, која беше исто така воведена на 6 јули.

Извор: meta.mk