Синоќа на големата сцена во спортското игралиште во Вевчани по шести пат се отвори фестивалот за народна култура ,,Пображење,, Вевчани. Фестивалот за отворен го прогласи м-р Ивона Татарческа Опетческа, претставник од Управата за заштита на културното наследство, раководител на одделението за заштита на нематеријално културно наследство. Во своето обраќање, Татарческа истакна:
„Покрај Вевчанскиот карневал во зима, Лазарките во Пролет, Вевчани добива и уште едно нематеријално културно добро, а тоа е овој фестивал за народна култура кој на еден оригинален начин отвара мегдан за претставување на Македонската изворна орска традиција во Македонија, го одликува најдобриот со плакета ,,Чувари на изворната традиција,, како стимул за понатака, а во истовреме гради мост со многу земји низ светот преку учеството странски ансамбли на овој фестивалот. Во западна Македонија, овој е единствен фестивал од ваков тип каде на еден суптилен начин се врши возобновување на изворната фолклорна традиција.“– рече Татарческа.
На преполнетото гледалиште, публиката синоќа уживаше во настапите на: ФА „Китка“ – Истибања, Р. Македонија; КУД „Илинден“ – Струга,Р. Македонија; ФА „Ловеч“ – Ловеч,Р. Бугарија; ФА „Сиух и Виух“ и „Керутајад“ – Паиде,Р.Естонија; КУД „Ѓердан“ – Ваљево,Р.Србија.
Фестивалот продолжува и денес со настапи на фолклорни ансамбли од Македонија, Полска, Србија.