Поднесена кривична пријава против Г.Х. (53) од Приштина, Р. Косово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела и тоа „кражба“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 16ти јули годинава, во ПС Струга од страна на Б.Т. од Струга пријавено е дека додека бил на Градскиот пазар пријавениот во згодна прилика од џеб на панталоните противправно му го одзел паричникот во кој имало лични документи и две банкарски картички од НЛБ Тутунска Банка со пин код, при што од едната банкарска картичка во два наврати подигнал парични средства од банкомат на Охридска Банка во Струга во износ од 30.000 денари. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.