Официјалните власти на Италија потврдија дека бројката на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Централна Италија достигна 21 лице.
„Спасувачките екипи најпрво ќе се фокусираат на извлекување на луѓето од урнатините и на спасување на нивните животи“ – изјавил првиот човек на италијанската цивилна заштита, Фабрицио Курчо, за италијанските медиуми.
Портпаролот на италијанскиот Црвен крст, Томазо дела Лонга, рече дека малиот град Аматриче е речиси комплетно уништен.
„Голем број луѓе пребаруваат и спасуваат луѓе под урнатините. Треба да разберете дека се работи за мало гратче во Централна Италија, кое е меѓу планини и има куќи на кои им треба помош. Проблем со кој во моментов се соочуваме е логистичката поддршка. Многу луѓе се дојдени на одмор овде, така што немаме прецизна бројка на затрупани и на загинати“ – додаде Дела Лонга.
Централна Италија утринава ја погоди земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.
Извор: meta.mk