Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната 29-та седница, ја усвои Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори.
Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски информирал дека не се прифатило барањето да се мониторира работата на интернет порталите, бидејќи за тоа е потребно да се направат законски измени.
Во времето кое медиумите го посветуваат на власта, ќе влегува и времето што во вестите и во информативните емисии ќе се посветува на активностите на државните функционери.
Извор: meta.mk