Хуманитарен базар на рачни изработки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Градскиот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организираше хуманитарен базар на рачни изработки.

На хуманитарниот базар учествуваа Општинските комитети на Унијата на жени Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар, Чаир, Чучер Сандево, Петровец, Илинден и Зелениково.

Од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ информираат дека собраните средства од базарот ќе бидат донирани за семејствата кои настрадаа во поплавите кои неодамна го зафатија Скопје.

На хуманитарниот базар поддршка даде и уметникот Живко Поповски Цветин а на истиот присуствуваа и претседателката на Унијата на жени, Даниела Рангелова и претседателот на Градскиот комитет, Скопје Билјана Беличанец.