Меѓународен ден на писменоста

Оваа година се одбележува 50-годишнината од Меѓународниот ден на писменоста и УНЕСКО го слави под мотото „Читање на минатото, пишување на иднината“. Меѓународниот ден на писменоста 2016 ги слави и одбележува изминатите пет децении на национален и меѓународен ангажман, напорите и напредокот да се зголеми стапката на писменост во целиот свет. Исто така се осврнува на актуелните предизвици и изнаоѓање на иновативни решенија за понатамошно зајакнување на писменоста во иднина.

Пред педесет години, УНЕСКО официјално го прогласи 8 септември за Меѓународен ден на писменоста за активно мобилизирање на меѓународната заедница и промовирање на писменоста како инструмент за зајакнување, како на поединците, така и на заедниците и општествата.

Денес, Меѓународниот ден на писменоста се прославува низ целиот свет, здружувајќи ги владите, невладините организации, приватниот сектор, заедници, наставници, ученици и експерти во оваа област. На овој ден, исто така се доделуваат и награди за мегународна писменост на лица со извонредни решенија кои може да ја водат писменоста кон постигнување на Агендата 2030 за образование. Оваа година фокусот се става на иновациите.

Ова е прва година на имплементација на Агендата 2030 за одржлив развој. Во овој контекст, визијата на писменоста е во согласност со можностите за доживотно учење со посебен фокус на младите и возрасните. Писменост е дел од одржлива развојна цел 4, која има за цел „да се обезбеди сеопфатно и правично квалитетно образование и промовирање на можностите за доживотно учење за сите“. Целта е до 2030 година сите млади и значителен дел од возрасните, и мажите и жените, да се описменат и да учат и знаат математика.

Меѓународниот ден на писменоста се слави во целиот свет. Главното глобалното одбележување на денот ќе се одржи во седиштето на УНЕСКО во Париз во форма на дводневна конференција на 8 и 9 септември, со доделувањето на награди за писменост. Во исто време ќе биде лансирана на Глобалната алијанса за писменост (GAL), нова и амбициозна иницијатива да ги стави сите главни чинители  заедно за промовирање на писменоста како основа за доживотно учење.

WebOhrid