Бројот на жртвите од невремето и поплавите во Грција се искачи на пет лица, откако доцна ноќеска беше пронајдено безживотното тело на 30-годишен маж во областа Ксилокастро кај Коринт.
Претпоставките се дека лицето било заглавено во автомобилот кога почнало невремето и во обид да излезе од него и да отиде на безбедно место бил повлечен од најдојдените води.
Голем дел од Пелопонез е одново поплавен по синоќешното невреме и силните врнежи од дожд. Проблеми има во Коринт и Трикала, каде се поплавени голем број на куќи. Дел од патиштата се повторно отсечени, а противпожарните служби цела ноќ интервенираа на терен за да се помогне да се извлече водата од поплавените куќи.
Тие интервенирале во извлекувањето на едно возило и еден камион заглавени на локален пат во Трикала, а слична интервенција имаше и на автопатот кај градор Ламиа каде беа заглавени повеќе автомобили и камиони.
Денеска за сообраќај е затворен и дел од автопатот Егнатиа, кој се поплави поради силните врнежи изминатите два дена, со цел противпожарните служби да може да ја испумпаат водата. Сообраќајот е пренасочен преку стариот пат Кожани- Јанина.
Извор: meta.mk