Доделени дипломите на третата и четвртата генерација дипломци од Универзитетот „Св.Апостол Павле“

Со пригодна свеченост во просториите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, денес, беа доделени дипломите на третата и четвртата генерација на дипломци. Во име на општина Охрид пред дипломците се обрати заменик – градоначалникот, Ангел Јанев, кој им порача:

„Сега кога се соочувате со голем број патишта по кои ќе треба да го продолжите животното патување, имајте на ум дека токму Вие дипломците од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ имате една предност пред сите останати, а тоа е учењето во мултикултурна средина, која ја сочинувате сите Вие студенти и професори кои доаѓате од над 40 земји. Знаењето за културите и традициите на повеќето од 40 земји е огромно богатство. Токму тоа знаење Вам ќе Ви го олесни патот било кој и да го одберете. Друга предност од студирањето во таква средина е тоа што сте се стекнале со пријатели од различни земји, пријатели со кои можеби во иднина ќе имате деловни односи, но и пријатели со кои ќе ја унапредувате соработката помеѓу Вашите татковини. Една работа која што можам да Ви ја сугерирам, без разлика дали ќе продолжите со надградување на Вашето образование или ќе почнете да заработувате самите, имајте на ум дека да дадете било каков придонес во унапредувањето на Државата, без разлика дали е тоа Ваш личен успех или успешен бизнис, но тоа е нешто најсвето што можете да го направите за Вашата нација.“- рече Јанев.

apostol_pavle_2016_4002

На денешната свеченост дипломи им беа врачени на 76 студенти од двете генерации. Покрај заменик градоначалникот пред дипломците се обратија ректорот на Универзитетот „Св. Апостол Павле, Нинослав Марина, министерот за странски инвестиции, Бил Павлески и коосновачот на македонската компанија за анимација и визуелни ефекти 3xFx, Кристијан Даниловски.

„Информатичките технологии се насекаде, има голема потреба од компетентни кадри од информатичките науки и технологии. Универзалноста на информатичките технологии и самото студирање на англиски јазик ги прави нашите студенти конкурентни на глобалниот пазар на труд и со тоа лесно можат да најдат работа како во Македонија, така и надвор од земјата, но и самата професија поттикнува претприемништво и работа од дома“, истакна ректорот, Нинослав Марина.

Со доделување на дипломите стартуваше и новата академска година, а првиот академски час беше одржан на четири јазици.

apostol_pavle_2016_4001