Притворен албанскиот државјанин кој носел фалсификувана патна исправа

Во врска со настан „приведен странски државјанин“, опишан во Билтен од 11/12.09.2016 година, од страна на ОПКМСР-Струга против Ф.С. (22) од Корча, Р.Албанија, поднесена е кривична пријава.

Имено, на 11.09.2016 година во 12.25 часот на ГП Ќафасан за влез во Р.Македонија се пријавил странски државјанин, кој на увид покажал грчка патна исправа на име Л.С., која евидирала како украдена и била предмет на потрага.

Од тие причини бил направен детален преглед на багажот и лицето и била пронајдена албанска патна исправа на име Ф.С. (22) од Корча, Р.Албанија, кој е точниот идентитет на лицето, како и возачка дозвола на име Л.С., која била фалсификувана во делот кај фотографијата. Поради ова Ф.С. беше лишен од слобода, а патната исправа и возачката дозвола со потврда му беа привремено одземени и предадени на полициски службеници од ОПКМСР-Струга.

Со решение од Основен Суд-Струга на лицето е определена мерка „притвор“ во траење од осум дена, по што е предаден во Казнено поправната установа-Затвор Охрид.