Продолжува проектот за бесплатен туристички викенд за пензионери. Активностите во рамките на овој проект ќе се реализираат до крајот на оваа година и во текот на 2017 година. Досега оваа можност ја искористиле 1.800 пензионери.
Во план е да се реализираат уште 1.200 викенди и бројката да се заокружи на 3.000 пензионери кои ќе ја искористат можноста за бесплатен туристички викенд, информираше денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски потсетувајќи дека овој проект започна да се спроведува додека тој беше претседател на Владата.
Се работи, како што рече, за бесплатно патување во еден викенд.
Од страна на државата платено е патувањето, храната и сместувањето, така што е ретка можност за многу пензионери коишто не можат да си го дозволат тоа со својот буџет, рече Груевски, кој денеска присуствуваше на промоцијата на 13 нови наслови од проектот „Превод на стручни научни книги и учебници“ од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.
Ово проект, како што потсети, беше ветување на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година.
Според него, голем е интересот на пензионерите за искористување на можноста за бесплатно туристичко патување.