Меѓународен ден на демократијата

Демократијата е универзална вредност која се базира врз основа на слободно изразената волја на луѓето да ги одредат сопствените политички, економски, социјални и културни системи и нивно целосно учество во сите аспекти од нивниот живот.

Додека демократиите делат заеднички карактеристики, не постои еден единствен модел на демократија. Активностите спроведени од страна на Обединетите нации за поддршка на напорите на Владите да се промовира и консолидира демократијата се преземаат во согласност со Повелбата на ОН, и само на посебно барање на засегнатите земји-членки.

Генералното собрание на ОН, во резолуцијата А/62/7 (2007) одлучи 15 септември да се одбележува секоја година како Меѓународен ден на демократијата. Целта е да се охрабрат Владите да ги зајакнат националните програми посветени на унапредување и консолидирање на демократијата.

WebOhrid