Во 1994 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 16-ти септември за Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка, по повод денот на потпишувањето на Монтреалскиот протокол во 1987 година, за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка (резолуција 49/114).
Државите се повикани да се посветат на денот за промовирање на активности во согласност со целите на Протоколот и неговите амандмани. Озонската обвивка, кревок штит од гас, ја штити Земјата од штетниот дел на зраците од Сонцето, со што помага за зачувување на животот на планетата.
Контролираната употреба на супстанци кои ја осиромашуваат озонската обвивка и нивното намалување помагаат за заштита на озонската обвивка за оваа и за идните генерации, но, исто така, значително придонесе кон глобалните напори за справување со климатските промени; Освен тоа, ги има заштитено здравјето на луѓето и екосистемите со тоа што го спречува штетното ултравиолетово зрачење да стигне до земјата.
Оваа година, Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка им оддава признание на колективните напори на сите оние кои се вклучени во Виенската конвенција и во Монтреалскиот протокол кон реставрацијата на озонската обвивка во текот на изминатите три децении и глобалната заложба за борба против климатските промени.
WebOhrid