„Прекината Одисеја“ вечерва пред охриѓани

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура, ќе биде изведена претставата „Прекината Одисеја“, заеднички проект на Македонскиот народен театар и театарот Хелена Моджејевска од Легница- Полска.

Режисер на претставата е Јацек Гломб, а драматург Роберт Урбањски.

Улогите во првиот дел ги играат Портирот – Рафал Цјелух,  Вјера, снимател – Габриела Фабјан Влаѓо, оператор на проектор – Бартош Буланда, Иренка, учителка – Анита Подендњак, Јоасја, учителка – Зуза Моторњук, Хонората, готвачка – Малгожата Урбањска, Лена, мајка – Катажина Дворак, Градинарот – Роберт Гулачик, Директор на центарот – Богдан Гжешчак, Капетанот – Павел Волакм, Партизанот – Павел Палцат, Партизанката – Магда Скиба, Доне – Матеуш Кшик.

7o

Улогите во вториот дел ги играат Вангел – Владо Јовановски, Јанушек – Трајче Ѓоргиев, Ираклис – Томе Витанов, Спиро – Борче Начев, Донка – Сашка Димитровска, Цвета – Билјана Јовановска, Димитра – Софиа Насевска – Трифиновска, Пламенка – Снежана Коневска. 

Билетите за претставата чинат 150 денари, а истите можат да се набават на билетарницата на Центарот за култура „Григор Прличев“.

sliki-flaeri-odiseja