Александар Николовски е новиот амбасадор на Македонија во Мисијата на ЕУ во Брисел, објави порталот „Сакам да кажам“. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на местото на Андреј Лепавцов, кој на оваа позиција беше пет години.
Николовски (32) беше претседател на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Извор: meta.mk