Билатерална средба помеѓу царинските служби на Македонија и Србија

На 6 октомври 2016 година (четврток) во Скопје се одржа билатерална средба помеѓу делгации на Царинските управи на Република Македонија и Република Србија. Состанокот на делегациите предводени од директорите на двете служби се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална соработка помеѓу Република Македонија и Република Србија за соработка и взаемна помош за царинските работи.

Теми на дискусија на состанокот беа унапредување на електронска размена на царински податоци со цел спречување на царински измами во двете земји, унапредување на соработката помеѓу царинските службеници на оперативно ниво при вршењето на тековното царинско работење, како и размена на искуства за примена на методи во царинското работење во насока на забрзување на протокот на граничните премини. Исто така претставени беа претстојните инфраструктурни зафати на ГП Табановце и се координираа активностите помеѓу царините на двете земји во насока на олеснување на трговијата и безбедноста.

Претставниците на двете царински администрации изразија задоволство од досегашната соработка и заинтересираност за организирање на нови активности и размена на искуства што ќе биде од заемен интерес.

sostanok-srbija-2