Заменик министерот Максути присуствуваше на панел трибината во ДУТ, организирана од ЕАС на Република Македонија

Вчера во просториите на Државниот универзитет во Тетово, односно во амфитеатарот на овој универзитет, се одржа трибина на тема: “Влијанието на евро-атлантските процеси врз меѓетничките односи во Македонија,” организирана од Евро-aтлантскиот совет на Македонија.

Пред аудиториумот, пред присутните студенти и професори, во оваа пригода, поздравен говор одржаа заменик министерот за одбрана на Република Македонија, д-р Беким Максути, предсетаделот на евро-атлантскиот совет, г. Исмет Рамадани, како и други поканети гости.

Заменик министерот Максути, изразувајќи ја неговата благодарност до организаторите на оваа трибина, во неговиот говор, го потенцираше значењето на меѓу етничките односи во земјата и истакна дека истите во една мулти етничка и мултикултурна средина отсекогаш биле прашање од голем интерес меѓу младата популација. Меѓуетничките односи во едно мултиетничко, мултирелигиско и мултикултурно општество секогаш се прашање кое предизвикува голем интерес кај сите генерации, особено меѓу младите, и постојано се неопходни нови иницијативи за нивно унапредување и создавање на сеопфатно мултиетничко општество.

Во контекст на ова, дисктурирајќи за различни теми од сферата на одбраната и безбезноста, каде што учествуаат високи представници на државните инстиуции, претставници на меѓународните организации и невладините организации, Евро атлантскиот совет постојано организира конференции, панел дискусии и дебати од овој домен, корисни за афирмација на вредностите промовирани од страна на ЕУ и НАТО.