Во соработка со претставници на меѓународната граѓанска организација од Германија ,,Berlin Center for Integrative Mediation”и ,,Forum Civil Peace Service” започнавме пилот проект ,,Градење на капацитетите и развој на способностите за преговори и медијација за вработените во МВР”. Овој проект е прв од таков вид што се реализира во МВР.
Преку овој проект очекуваме во личноста на вработените во полиција да негуваме елементи на правото, психологијата и културата со цел да се создаде една добра волја за примена на концептот за медијација кај вработените во полицијата.
„Ние поддржуваме секоја иницијатива која има за цел јакнење и надградување на капацитетите на вработените во МВР со цел тие да бидат корисни за граѓаните. Граѓаните заслужуваат уште повеќе. Ние сме за граѓаните”, истакна Заменик министерот Д-р Агим Нухиу на отварањето на горенаведениот пилот-проект за медијација наменет за вработените во МВР на РМ.