Целосна доминација на јуниорките од СК „Охрид,“ на третиот по ред Куп со воздушно оружје

Целосна доминација на јуниорките од СК „Охрид,“ на третиот по ред Куп со воздушно оружје-меѓународна програма што се одржа вчера на стрелиштето во Битола.

Мартина Петровска со резултат од 402,3 кругови го зазеде првото место во јуниорска категорија однсно второ место во севкупен пласман. Јана Маркоска со резултат од 391,5 кругови се пласира на втората позиција во јуниорска категорија односно трета во севкупен пласман, додека пак младата Анастасија Мојсовска за која ова е прв настап на Куповите во меѓународна програма, се пласира на третата позиција во јуниорска категорија, односно заврши како четвртопласирана во секупен пласман, со резултат од 379, 1 кругови.

14618639_10211426942928474_124366026_o

Во моментов ова е најдобрата јуниорска екипа во државава, чија конкуренција е недостижна и за која македонската федерација би требало во иднина да размислува за нивен настап и на меѓународните натпревари.

14699476_10211426943688493_883515608_o