Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата

Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата се одбележува на 17-ти октомври секоја година, почнувајќи од 1993 година, кога Генералното собрание на Обединетите нации, со резолуцијата 47/196, го назначи овој ден за да се поттикне свеста за потребата за искоренување на сиромаштијата и бедата во сите земји.

Темата за оваа година е: „Движење од понижување и исклучување кон учество: Крај на сиромаштијата во сите нејзини форми“.

Целта на Обединетите нации за одржлив развој е „да се стави крај на сиромаштијата во сите форми насекаде“ и признава дека сиромаштијата резултира не само од недостатокот на една работа, туку од многу различни меѓусебно поврзани фактори кои влијаат врз животите на луѓето кои живеат во сиромаштија.

Ова значи дека треба да одиме подалеку, да гледаме на сиромаштијата не само како недостаток на приход или она што е потребно за материјална благосостојба – како што се храна, домување, земјиште и други средства – со цел да се разбере сиромаштијата целосно во повеќето свои димензии.

Темата оваа година, избрана во консултација со активисти, граѓанското општество и невладините организации, нагласува колку е важно да се препознае и да одговори на понижувањето и исклучувањето претрпено од многу луѓе кои живеат во сиромаштија.

WebOhrid