Во Данска денеска на повеќе локации во близина на Копенхаген се евакуирани аеродроми, трговски центар и плоштад поради низа бомбашки закани, соопшти данската полиција.
Данската телевизија 2 јавува дека имало закани и за Копенхаген и за меѓународниот аеродром, но полицијата наведе дека тие закани не се сериозни.
Во градот Роскилд, западно од Копенхаген, полицијата го евакуирала локалниот аеродром и еден плоштад.
Полицијата не изнесува повеќе детали за заканите, но соопшти дека никој не е повреден.
Во меѓувреме, полицијата во местото Слагелс, на околу 60 километри југозападно од Копенхаген, поради слични закани евакуираше еден трговски центар.
Евакуиран е и локалниот аеродром во Јултланд, во Западна Данска.
Фото: (принтскрин)
Извор: meta.mk