Во тек е кампањата за Неделата на борба против гладта

Во тек е кампањата за Неделата на борба против гладта (16-22 октомври) која се состои во собирање на прехрамбени производи и парични средства за подготовка и поделба на хуманитарни пакети на социјално најзагрозените семејства од Охрид. Собирната акција се реализира во соработка со Локалната самоуправа на Охрид.

Утре пред седиштето на Црвен крст Охрид хуманитарни пакети ќе делат членовите на Лајонс клубот Десарети, кој традицинално, секоја година се вклучува во акцијата.

Во среда, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и директорита на јавните претпријатија, во маркетот Тамаро (Билјанини извори) ќе донираат прехрамбени производи за најсиромашните.

Општина Охрид за оваа акција обезбеди 70 хуманитарни пакети кои на нашите сограѓани од ранливата категорија, ќе им бидат поделени во петок пред седиштето на Црвен крст Охрид.

Од Црвениот крст Охрид ги повикуваат и охрабруваат нашите сограѓани, фирми, институции, здруженија, секој според можностите да се вклучи во хуманитарната собирна акција за Неделата на борба против гладта.