На 18 октомври 2016 година -Европскиот ден за борбата против трговијата со луѓе Националниот координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција м-р Сања Димитриевска, заедно со Здружението на граѓани „Отворена Порта- Ла Страда“ и Меѓународната организација за миграции (ИОМ) како организатори го промовираа отпочнувањето на кампања за борба против трговијата со луѓе.
Кампањата насловена како „ Спречи ја трговијата со луѓе- прашај, помогни, пријави“ ќе трае еден месец и истата е е поддржана од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Македонија, УНИЦЕФ, Холандска Амбасада, UK Aid Dift. За време на кампањата ќе бидат одржани информативни сесии со граѓаните во Република Македонија, ќе бидат дистрибуирани брошури, поставени билборди и снимени кратки видео спотови, активности кои имаат за цел подигање на свесноста за сузбивање на трговијата со луѓе.