СДСМ со соопштение до медиумите, во кое стои:
„Со распуштањето на Собранието, почна и одбројувањето до денот кога Македонија ќе го победи режимот на Никола Груевски и ќе почне да се реализира планот на СДСМ и на граѓаните за живот во Македонија. Се ближи 11 декември, референдумот на кој Македонија ќе избере иднина.
По три дена натегање и откако сфатија дека сите игри им се прочитани од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ конечно престана да одолговлекува и да купува време. Нема веќе бегање, казната за криминалното владеење е неминовна.
Граѓаните на Македонија сега имаат целосно право да одбројуваат до денот кога ќе почнат да им се реализираат трите големи очекувања: 1. да имаат повисоки плати и животен стандард; 2. да имаат институциите што им служат ним, образование што ги учи нивните деца, здравство што лекува; и 3. да живеат безбедно, сигурно, во правна држава и со еднакви шанси.
Граѓаните на Македонија имаат целосно право да одбројуваат до новата влада која ќе го запре отселувањето на младите.
Граѓаните на Македонија имаат целосно право да одбројуваат до денот кога украдените пари ќе почнаат да им се враќаат.
Граѓаните на Македонија заедно со опозицијата се изборија Никола Груевски да замине од премиерската функција, а за 54 дена ќе му го зададат завршниот удар на режимот инсталиран за личното богатење на фамилијата на Груевски.
На 11 декември, граѓаните со еден удар ќе изборат за две победи: нокаут за криминалот на братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков и нова рунда во која заедно ќе се избориме за поквалитетен живот на сите.“- стои во соопштението.