Од 12-ти до 16-ти септември 2016 година во Охрид, со подршка на мисијата на ОБСЕ во Скопје, за шест вработени во Министерството за внатрешни работи беше спроведена обука за меѓународните стандарди: ISO 9001:2015, ISO 19011:2011 и ISO 31000:2009.
Обуката беше спроведена од Професор д-р Здравко Глушица и предавачи од консултантската компанија Mobes Quality од Нови Сад (компанијата соработува со Exemlar Global од САД), се реализираше во три модули-Систем за управување со квалитет; Упатства за проверка на системи за менаџмент и Управување со ризици, а целта на обуката беше припадниците на Министерството да се стекнат со знаења и вештини, потребни за имплементација на Системот за менаџмент со квалитет.
На крајот од обуката беше спроведен писмен испит кој учесниците успешно го положија и се стекнаа со меѓународно признати сертификати за Интерни аудитори за системи за менаџмент со квалитет и Принципи за управување со ризици од американската компанија Exemlar Global.
На 18.10.2016 година во просториите на Министерството беше организирано свечено доделување на сертификатите кои на учесниците им ги врачи Помошникот на Министерот Јордан Ламановски, а на церемонијата присуствуваа Виктор Соцки, виш полициски советник од мисијата на ОБСЕ во Скопје, Професорот Глушица и двајца консултанти.