ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид упати честитка го граѓаните, по повод 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба, во која стои:
„Денешниот празник преставува симболика на вечната борба на македонскиот народ за слобода и независност. 23.10.1893 година – датум кој e значаен поради зародишот на македонската револуционерна оганизација ВМРО, денес се чествува и поради вечната борба и континуитетот на се она што преставува исконско за македонската земја. Празник на кој треба да се потсетиме на нашите претци, на сите оние кои ги положиле своите животи за Македонија но и датум кога гордо треба да ги негуваме а со тоа и пренесеме зачуваните вредности на Република Македонија кон идните поколенија. Овој датум нека биде силно врежан во секој еден македонец и нека преставува своевиден аманет за секој од нас.
Нека е вечен датумот 23.10.1893 година, ден на македонската револуционерна борба.
Вечно да се празнува исто како што е вечна и Македонија.“ – стои во честитката.