Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше средба со амбасадорката на Германија Кристине Алтхаузер. На средбата на која присуствуваше и досегашниот пратеник од Охрид во Собранието на Република Маакедонија Сашо Василевски и претставници на Секторот за туризам и локален економски развој, стана збор за досегашната и идната соработка особено на планот на економијата и туризмот.
Двете страни изразија задоволство од текот на големите германски инвестиции на компаниите „ОДВ Електрик“ и Костал“ како и од завршувањето на опремувањето на кабинетот по биологија во ОУ „ Григор Прличев“ кој е заеднички проект на Амбасадата на Германија во Македонија и општина Охрид.