Министерот за одбрана, Зоран Јолевски кој е во работна посета на САД, вчера оствари средба заменик помошник државниот секретар Хојт Ји. Mинистерот Јолевски информираше за реформите во одбраната, за модернизација на АРМ која е целосно во согласност за НАТО стандардите, за учеството на припадниците на АРМ во НАТО и другите мировни мисии. Исто така информира за процесот за изработка на нова Стратегија за одбрана на Република Македонија и Стратегиски преглед на одбраната. Воедно информираше за лидерството на Македонија во регионалната соработка во областа на одбраната – имено Скопје од пред две недели е седиште на Штабот на регионалните наменски медицински сили, а министрите за одбрана од регионот во Рим минатата недела донесоа одлука Штабот на мултинационалната бригада за југоисточна Европа да биде во Македонија.
На средбата истакна дека интеграцијата на Република Македонија во НАТО е значајна како за стабилноста на земјата, така и за регионот и пошироко Европа, и затоа е потребно да и се упати покана за членство во НАТО. Македонија докажа дека го заслужува местото во Алијансата и со нејзиното учество во мировните мисии на НАТО, со начинот на справување со мигрантската криза, како и со нивото на интероперативноста до НАТО армиите.
Покрај ова министерот Јолевски имаше работна средба со поранешни функционери од администрацијата на САД, експерти од областа на одбранбената политика и безбедност, и претставници од тинк-тенк заедницата.