Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната дејност, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“ од Охрид, насочени кон одбележување на Светскиот ден за борба против мозочен удар и спроведување на кампањата МОЗОЧНИОТ УДАР Е ИЗЛЕЧИВ, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат јавен настан – Отворен ден за сите прашања, поврзани со мозочниот удар, каде преку советување за третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита од мозочен удар ќе се делува на јавната свест.
Настанот ќе се реализира на Градскиот плоштад „Климент Охридски“ на 29.10.2016 (сабота) од 11-14 ч., каде сите заинтересирани ќе можат да добијат корисни совети од стручен тим составен од невролог, физијатар, интернист, психолог и советник за исхрана, а исто така ќе можат да извршат и проценка на ризик факторите за мозочен удар, преку мерење на соодветни параметри (крвен притисок, ЕКГ).