Албанската и германската влада денеска потпишале втор договор за изградба на 400-киловолтен далновод кој ќе ги поврзува Албанија и Македонија, јави дописничката на „Мета“ од Тирана.
Германската банка „КФВ“ ќе финансира 50 милиони евра, а вкупно изградбата ќе чини 70 милиони евра.
Должината на далноводот ќе биде 151 километар и ќе се протега од Елбасан до Битола, од кои 56 километри се на територијата на Албанија.
Изградбата на овој далновод ќе започне во 2017 година, а целта е подобро снабдување со електрична енергија на двете земји, но и на регионот.
Извор: meta.mk