Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков свечено го отвори македонскиот национален павилјон во Зоната за слободна трговија во Шангај. Павилјонот е постојан изложбен простор за македонските земјоделско прехранбени производи во Шангај.
За време на свеченоста беше промовирано и македонското вино и беа претставени потенцијалите на овој сектор.
Во разговорите со високите претставници на бесцаринската зона за следниот период беа договорени интензивни промотивни активности на повеќе македонски прехранбени производи на кинескиот пазар.
Отворањето на македонскиот павилјон претставува уште една шанса за подобрување на трговската размена со Кина и повеќемилионскиот Шангај.