Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во Битола оствари средба со Маријана Петир, европратеник од Република Хрватска која престојува во Република Македонија по повод нејзинто учество на Четвртата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.
На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во Република Македонија, во регионот и во Европската унија. Во разговорите беа разгледани можностите за европските и евроатлантските перспективи на Република Македонија, во контекст на тековните предизвици со кои се соочува ЕУ и регионот, особено од аспект на мигрантската криза и безбедносните закани. Претседателот Иванов изрази задоволство од континуираната поддршка од Европскиот парламент на Република Македонија, како и од севкупната соработка меѓу Република Македонија и Република Хрватска на билатерално и на регионално ниво.